ponude.biz - strumica
Струмица (англиски:Strumica, грчки: Στρώμνιτσα, Стромница, турски: Usturumca, Уструмџе) е град во југо-источниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.
Демографија
Според пописот од 2002 година, во градот Струмица живеат 35 311 жители[1].
Етнички групи
Македонци - 50.258 (91,92%)
Албанци - 3
Турци - 3.754 (6,87%)
Роми - 147 (0.27%)
Власи - 3 (0.005%)
Срби - 185 (0.34%)
Бошњаци - 6 (0.01%)
останати - 320 (0.58%)
Полова структура
мажи - 27 340 (50,01%)
жени - 27 336 (49,99%)
Старосна структура
Од 0-19 години - 15.256
Од 20-60 години - 31.711
Над 60 години - 7.709
[уреди] Структура на образование
Високо образование - 2 868 (од кои 31 се магистри и 8 доктори)
Више образование - 1 617
Средно образование - 17 007
Основно образование - 11 858
Непотполно основно образование - 8 569
Без училишна подготовка - 1 997
Историја
Антички период
Потврда дека струмичкиот крај бил густо населен уште во античко време е постоењето на неолитската населба “Страната“ кај селото Ангелци. Овој археолошки локалитет нуди нови сознанија за доцниот неолит бидејќи населбата датира од околу 4500 до 3800 година п.н.е. За ова до скоро се знаеше дека постои само во брегалничкиот и Овчеполскиот регион. Најновите наоди кај Струмица ја потврдуваат и тезата за постоењето на неолитска сообраќајница од брегот на Егејското море до централниот дел на Балканот.
Откриените фрагменти од керамички садови, вообичаена неолитска пластика, лепеж од куќи, култни предмети и слично укажуваат на фактот дека овде постоело грнчарство на завидно ниво, а откопаните алати (мотики, секири, длета) и женски фигури како симбол на плодноста, дека тука живеела земјоделско-сточарска популација.
Под името Астраион, градот за првпат во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера, во врска со убиството на Деметриј братот на македонскиот крал Персеј (179-168 пр.н.е.), односно синот на Филип V (221-179). Името Астраион градот го добил по пајонското племе, Астраи. Во 168 година пр.н.е. Македонија паднала под римски протекторат и била поделена на четири мериди, а Астраион припаднал на втората мерида. Во 148 година пр.н.е. Македонија станала римска провинција. Во римскиот период градот го променил своето име во Тивериопол, за што ни сведочи мермерниот постамент, посветен на патронот Тибериј Клавдиј Менон, од крајот на 2 век и почетокот на 3 век. Во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363) во Тивериопол биле убиени Св. 15 Тивериополски свештеномаченици.
Во 395 година римската империја се распаднала, а Македонија припаднала на Источното Римско Царство. Потоа Тивериопол се наоѓал во составот на провинцијата Macedonia Salutaris (крај на 4 век) и провинцијата Macedonia Secunda (крај на 5 век). За постоењето на градската населба од тој период сведочи доцноантичката урбана палата – Мачук. Градот Струмица заедно со својата најблиска околина, поволните географско-климатски карактеристики и богатото Струмичко поле, одсекогаш представувал важен крстопат на патиштата на разни култури и цивилизации кои го оставиле својот белег на оваа почва. Следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенската, турскиот период, итн. Струмица е еден од ретките градови со напластено богатство на споменици.
Византиско-словенски период
Остатоци од Црквата Свети Петнаесет Тивериополски маченици - заштитници на градотВо првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните. Во „Житието на тивериополските мачаници“ стои дека „еден варварски народ... навлегол во Тивериополските земји, опустошил многу градови, па и самиот Тивериопол, а од неговите жители едни со меч ги истепал, друѓи заробил а убавите згради и храмови ги срамнил со земјата“ .
Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).
Струмичката област, потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис I (852-889). Во 893 година Климент според Диканжовиот список (XII век) бил поставен за "епископ на Тивериопол или Велика". Струмичкиот регион ќе остане во бугарската држава се до 969 година кога избило првото востание на комитопулите (Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018).
Средновековна тврдината во Струмица.На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во која македонската војска предводена од цар Самуил (976-1014) била поразена од Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени 15 000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на својот командант Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на цар Самуил, Гавраил Радомир (1014-1015). Во 1018 година Македонија била завладеана од Византија. По 1018 година, Струмичкиот крај повторно паднал под византиска власт, под која ќе остане до пред крајот на 12 век. Византија својата власт ја зацврстила преку црквата која била претворена во орудие на византиската држава. Струмичката епархија во рамките на Охридската архиепископија била ставена во службата на Цариградската патријаршија. Карактеристично од тоа време е тоа што многу имоти од Струмичко меѓу кои и манастирот во Вељуса му биле подарени на светогорскиот манастир „Иверион“
Од 11 век за првпат во пишаните извори (Асеманово евангеление) почнува градот да се именува со Струмица. Кон крајот на 12 век, централната власт на Византија ослабела, па како резултат на тоа ќе дојде до осамостојување на повеќе независни феудалци. Во струмичкиот крај се осамостоиле Добромир Хрс (1185-1202), а потоа и Севастокрар Стрез (1208-1214), но нивните владеења биле ликвидирани од Византијците. Кон крајот на 13 век започнале српските напади на Македонија. Извесен период со Струмица и регионот ќе владее Хреља, за да во 1334 година српскиот крал Стефан Душан (1331 - 1355) ја освои Струмица. По распаѓањето на Душановото царство, струмичкиот регион ќе биде управуван првин од Угљеша, братот на Волкашин, а по неговата смрт 1371 година во битката кај Марица, со овој регион ќе загосподарат браќата Дејановиќи. Нивното владеење бил со краток век, бидејќи Турците во својот продор на Балканот ја завладеале и Струмица во 1382 - 1383 година со што завршува средниот век во овие краишта.
Османлискиот период
Стара СтрумицаСтрумица во османлискиот период во турската администрација била нарекувана Уструмџе. Таа била приклучена кон Ќустендилскиот санџак и во неа ќе биде воспоставен спахиско-тимарски систем. Во градот било населено номадско сточарско туркменско население, така што градот го сменил својот лик и почнал да добива ориентален изглед. Струмица според пописот од 1519 година имала 2780 жители, од кои 1450 христијани, а 1330 муслимани. Во тој период се одвивала и засилена исламизација на што се должи зголемениот број на муслимани 2200 на пописот од 1570 година, наспроти 1230 христијани.
Во 17 век, Струмица станала седиште на кадилук. Во тоа време во Струмица поминале и турските патеписци Хаџи Калфа (1665) и Евлија Челебија (1670), кои даваат опис на градот со сите муслимански објекти, кои ги имало во Струмица тогаш. Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век струмичката каза била во состав на Солунскиот санџак. Во 19 век зајакнало патријаршиското движење и гркоманското население зело замав. Тоа довело до силно антипатријаршиско движење во 60 – тите години на 19 век. Во 1860 година во Робово било отворено првото училиште на македонски јазик, а прв учител бил Арсени Костенцев од Штип.
Стара СтрумицаВо тој период твореле и големите струмички зографи Васил Ѓорѓиев и Григориј Пецанов, кои работеле на живописот и иконостасите на повеќе цркви, кои тогаш се отварале во струмичко. Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, кога Турција изгубила голем дел од своите владеења на Балканот (Босна, Србија, Црна Гора),голем број од бегалци се слееле кон Македонија, а дел од нив и во Струмица. Тоа население се нарекува мухаџири.
Се потешката ситуација на македонското население под турската власт, допринела да се формира Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) на 23.10.1893 година во Солун. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Еден од најистакнатите раководители на револуционерната организација бил Христо Чернопеев, кој учествувал и во Младотурската револуција (1908-1909), која не завршила со ослободување на македонскиот народ и останал под турско владеење.
Струмица во 20 век
Со Првата балканска војна од 1912 година Турците биле победени и истерани од Македонија, а со тоа и од Струмица од страна на балканските сојузници (Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора). Со Струмица завладеала Бугарија.
Во текот на летото 1913 година Струмица и околината доживеале уште една втора по ред краткотрајна, но вандалска и жестока окупација од страна на грчките окупатори. На 25 јуни, само девет дена од избувнувањето на Втората балканска војна, грчките војски ги разбиле бугарските позиции јужно од градот, и утредента влегле во Струмица. На 8 август, грчките војски ја запалиле Струмица, а пожарите стивнале дури на 15 истиот месец. Биле изгорени 1 900 јавни установи, цркви, куќи, дуќани, кафеани како и единствената синагога. Целосно или делумно Грците ги запалиле и селата Костурино, Раборци, Попчево, Зубово и Чам Чифлик кое повеќе никогаш не се обновило. При своето заминување на 17 август, Грците го запалиле и манастирот во Вељуса, чии конаци а делумно и црквата исто така изгореле.
За време на втората балканска војна и Првата светска војна, поради силниот грчки притисок од Егејска Македонија кон север избегале големи маси македонско население а добар дел од нив се населиле и во Струмичкиот крај. Тоа биле бегалци, наречени “бежанци“ главно од Кукуш, Горни Порој како и од Солунско. Тие се населиле главно во напуштените турски населби. Според еден податок, во 1921 година само во градот имало 2 700 бежанци. Со тоа многу се изменил и етничкиот состав на населението во градот особено по бегањето на турците кога бројот на населението значително се намалил. Денеска сеуште постои т.н. бежанско маало.
Во периодот на Информбирото настрадале и многу невини струмичани, а некои од нив никогаш не се вратиле дома.
Струмица со мировниот договор од Букурешт (28.07.1913), сепак останала под власт на Бугарија. Под бугарска власт Струмица останала се до 1919 година, кога со мировниот договор од Версај, со кој е завршена Првата светска војна, влегла во составот на Кралството СХС ( од 1929 година Кралство Југославија). Во тоа кралство, македонскиот народ бил без никакви права и бил подложен на асимилација од Србија.
Во Втората светска војна, Струмица била завладеана од германската војска на 6 април 1941 година. Германија, со договорот што го имале склучено за сојуз со Бугарија, им ја предала Струмица под окупација на бугарските војски на 18 април 1941 година. Македонскиот народ, а со тоа и луѓето од Струмица незадоволни од окупацијата на фашистичките земји, започнале воени дејствија против нив. На 11 септември 1944 година бугарската војска била протерана од Струмица, а на 5 ноември 1944 година градот го напуштила и германската војска. Струмичанецот Благој Јанков - Мучето е прогласен за Народен Херој. Друѓи попознати струмички херои од периодот на Втората светска војна се Сандо Масев, Боро Џони, Герас Цунев.
По војната, Македонија влегла во федерацијата Југославија, како рамноправна федерална единица.
Струмица по осамостојувањето
Мапа на СтрумицаСтрумица сè уште постои и функционира како град, а во неговата околина се наоѓаат уште 72 населени места, со чие население брои околу 150 000 жители.
Местоположба
Струмица и нејзината општина се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35' и 23° 45' источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Регионот што всушност ја опфаќа котлината меѓу планините Беласица, Огражден и Еленица, по површина и по бројот на населението не е ниту помеѓу најмалите ниту помеѓу најголемите општини во земјата, но неговиот низински дел спаѓа во редовите на најгусто населените реони во Македонија. Според пописот на населението 2002 година, во Општината, со вкупна површина од 963 км2 живеат околу 95 000 жители, со тоа што во нејзиниот најплоден низински дел кој зафаќа помалку од една четвртина од вкупната површина живеат над 100 жители на 1 км2.
Струмичката котлина од југ е заградена со планината Беласица, по чиј срт се протега самата македонско-грчка граница и чиишто стрмни, доста влажни и пошумени падини на запад се надоврзуваат на планината Еленица а уште позападно на планината Плавуш. На северната страна се наоѓа планината Огражден која се протега од југоисток кон северозапад каде започнуваат да се издигаат планинитеСмрдеж и Плачковица. Конфигурацијата на овие планински венци ја дефинира Струмичката котлина, давајќи и форма на неправилен триаголник, кој е благо наведнат кон исток, во правецот по кој тече реката Струмица, во горниот дел Стара Река, која со своите 94 километри е и најдолгиот воден тек на подрачјето.
Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорот и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.
Општина Струмица се наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54 676 жители.
Економски индикатори
Структура на невработеност во Струмички регион според образование:
Високо образование - 451
Вишо образование - 240
Средно стручно образование - 2 483
Високо квалификувани работници - 0
Квалификувани работници - 1 949
Полуквалификувани работници - 416
Неквалификувани работници - 6 762
Стопанство
Првите години по Втората светска војна Струмица била град со неразвиено стопанство, без индустрија, со заостанато земјоделство, сточарство и занаетчиство. Стагнираниот развој на земјоделството и сточарството продолжила и во првите години по ослободувањето, се до растурањето на т.н. Селски работни задруги. Во 1949 година, со изградбата на каналот за наводнување во Моноспитското мочуриште како и останатите одводни каналски мрежи се ослободиле стотици хектари обработлива површина на кои денеска се одгледуваат житни, фуражни, градинарски и индустриски култури.
Иако геолошки неистражано, се смета дека Струмичкиот крај е богато со руди или поточно злато по течението на Сушевска река, радиоактивни материи и кварц на Беласица. Исто така овој реон е богат и со неметали од кои најмногу се експлоатираат фалспадот и калциум-карбонатот.
На овие балкански простори, Струмица најмногу била позната по трговските врски со најголемите прометни центри во тоа време, а така останува и денес бидејќи во струмичките дуќани може да се купи најразновидни продукти од домашно и од странско производство. Тоа е така поради самата местоположба на струмичкиот регион, односно на само неколку километри од границите помеѓу Грција и Бугарија.
Земјоделство
Пресудно значење за развојот на интензивното земјоделство во Струмичката котлина имаат вештачките езера и системите за наводнување. Со нивната изградба регионот стана најголем производител на ран и индустриски зеленчук во Република Македонија.
Струмица е центарот на пространата богата Струмичка котлина. Овде се одгледуваат афион, памук, тутун, сусам, кикирики и анасон, ретка земјоделска култура која се употребува за производство на познатиот Македонски пијалок - Мастика. Сето ова дава можност за развој на текстилната и прехранбената индустрија во Струмица.
На овие површини најзастапени се житните (пченица, јачмен, пченка) и градинарските и раноградинарски култури (пипер, домат, бостан, зелка, краставица ,компир и др.). Постојат и 3 поголеми капацитети за преработка на градинарски производи, 4 преработувачки капацитети за мелење на житни култури, едно претпријатие за откуп и ферментација на тутун и околу 40 претпријатија кои се занимаваат со продажба на репроматеријали за земјоделието.
Во Општина Струмица постојат 2 земјоделски пазари за продажба на земјоделски производи на мало и еден пазар за продажба на земјоделски производи на големо во чиј состав е и добиточниот пазар.
Производствени фабрики
Во градот работат повеќе индустриски капацитети коишто вработуваат голем број на работници. Најуспешни индустриски капацитети се текстилните индустрии АД “Единство“ , АД „Герас Цунев“ и фабриката за санитарна керамика „Македонија“, рудникот за фелдспат и калциум карбонат „Огражден“, „ЗИК Грозд“ (познат по квалитетната „струмичка мастика“) и др. кои ги пласираат своите производи и на странските пазари како САД, Русија, сите држави од поранешна Југославија, Германија, Австрија, Бугарија и др. Во поново време се забележува голем развој на малостопанството, а застапени се и странските вложувања, пред сѐ од соседна Грција.
Планини
Поглед кон БеласицаСтрумичкиот регион е опкружен со планините Беласица, Огражден и Еленица. Конфигурацијата на овие планински венци е таква што на котлината и даваат форма на голем неправилен триаголник.
Беласица се наоѓа југо-источно од Струмица со највисок врв Радомир 2029 m. Се протега во правец исток-запад со должина од над 70 km². Таа е една од најстарите планини не само во Македонија, туку и на Балканскиот полуостров. На Беласица се наоѓа тромеѓето меѓу државните граници на Република Македонија, Бугарија и Грција.
Огражден се наоѓа северо-источно од Струмица со највисок врв 1744 m.
Еленица се наоѓа западно од Струмица со највисок врв 970 m.
Клима
Во Струмичката котлина се мешаат видоизменета медитеранска клима чиј целосен продор од Егејското море го стопира венецот на планината Беласица, и континентална клима чие влијание значително го намалуваат планините Огражден и Плачковица. Климата во Струмица и струмичко се одликува со релативно благи зими, со долги суви лета и со високи средни дневни температури.
Меѓутоа, во зимата термометарот може да се спушта и до -20 степени а во летото термометарот знае да покаже и до 40 степени. Пролетта и есента се пријатни во Струмица, но мошне кратки. Просечните врнежи од околу 600 литри на м2 годишно се со медитерански режим, со максимум во месеците ноември и декември и минимум во август и септември.
Годишно, во Струмица има околу 230 сончеви денови, сончевиот сјај трае просечно 2 377 часа годишно, магла во просек има најмногу дваесетина дена а исто така се јавуваат и ветришта кои дуват од сите правци. Од нив најизразен е северозападниот, кој најмногу го има во јули, како и северозападниот кој е пролетен, а поретки се северецот и јужниот ветер.
Почва
Според составот и карактеристиките на почвата, во овој регион се среќаваат повеќе почвени типови. Скалетните почви се најраспространети во планинскиот дел (во периферните делови на котлината), по нив доаѓаат делувијалните наноси, солените почви и врбеницата, а во низинскиот и централниот дел на котлинатасе наоѓаат алувијалните почви. Тие зафаќаат околу 11 520 хектари и како најплодни претставуваат еден од основните фактори за развиеното земјоделство во подрачјето.
Поволната клима и квалитетната почва во Струмичкиот регион претставуваат најголем стопански потенцијал. Иако од период до период доаѓа до промени на сеидбените структури, односно до поголема или помала застапеност, па и отфрлање на одредени земјоделски култури, подрачјето е едно од најактивните земјоделски региони на Балканот. Така, пред седумдесетите години подрачјето било најголем производител на житарици и на индустриски култури, главно афион, памук, тутун, сусам, шекерна репка и.т.н. но со изградба на вештачките езера “Турија“ и “Водоча“ како и системите за наводнување, сеидбените планови рапидно се промениле во корист на многу подоходовните рани, средни и доцни градинарски култури, кои се одгледуваат за свежа консумација и за преработка во индустриските капацитети.
Речиси целата површина на Струмичко поле е педолошки испитано. Од овие површини, 26 165 ha се погодни за наводнување, а се покриени со алувијални и дилувијални нaноси.
Скалестите почви најраспостранети се во планинскиот дел, односно во периферните делови на котлината. Во низискиот и централниот дел на котлината најповеќе ги има алувијалните почви. Тие зафаќаат околу 11 520 ha и како најплодни, преставуваат еден од основните фактори за развој на земјоделското производство.
Општина Струмица
Во центарот на градот се наоѓа општинската самоуправа, позната како Градско собрание, којашто ги носи градските и општинските одлуки. Струмица е седиште на општината Струмица, којашто опфаќа 25 населени места и брои 54 676 жители. Населени места во Општина Струмица се: градот Струмица и селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино,Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три води и Чепели.
Актуелен градолначалник на Општина Струмица е г-дин. Зоран Заев.
Инфраструктура
Струмица е меѓу првите градови во Македонија која се развива како на културен така и на економски план.
Водоснабдување
Состојбата на постојната водоводна мрежа е релтивно задоволителна. Со средствата од програмата МЕАП се обезбедува водовод до населените места и промена на застарената водоводна мрежа во градот. Во градот на повисоките места вода се обезбедува со пумпни станици. Во фабриката за вода освен вобичаениот процес на обработка на водата за пиење исто така се врши и озонирање на водата се со цел да се обезбеди квалитетна вода за пиење.
Транспорт
Транспортот во Струмица најмногу е регулиран од страна на ДОО Струмица Експрес која ги одржува сите линии во земјата. Исто така, освен во Македонија има пуштено директна линија и до Софија, Белград, Солун и.т.н.
Образование
Струмичката општина се вбројува меѓу општините со развиена образовна мрежа. На подрачјето делуваат 13 централни и основни училишта со шеесетина подрачни училишта и блиску 600 наставници. Овие училишта се распоредени речиси во сите населени места а во нив секоја година се запишуваат по скоро 11 000 ученици.
Во Струмица има отворено основни и средни училишта, како и високо образовни установи.
Две факултетски гранки од областа на земјоделието во склоп на државниот универзитет "Гоце Делчев" од Штип.
Средни училишта се: Јане Сандански, Никола Карев, Димитар Влахов.
Основните училишта се: Сандо Масев, Видое Подгорец, Никола Вапцаров и Маршал Тито.
Култура
Во Струмица се одржуваат повеќе манифестации од кои:
Фестивал на филмските автори АСТЕРФЕСТ, на кој се доделуваат три награди за документарни филмови над 30 минути: златна, сребрена и бронзена потковица за автори од Југоисточна Европа.
Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Великден;
Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.
Меѓународната ликовна колонија, која се одржува секоја година од 1 до 20 август, а во секоја нејзина сесија во просек, работат по дваесетина ликовни творци, претставници на различни културни средини и ликовни тенденции, правци и преокупации.
Туристички атракции
Струмица има неколку локации кои го заслужуваат епитетот туристичка атракција.
Манастирски комплекси
Манастир „Св. Леонтие“ - Водоча
Манастир Св. Богородица Ељуса
Арехолошки локалитети
Орта џамија;
Црква “Св.петнаесет тивериополски маченици“;
Струмичко кале;
Струмин гроб кај Баница.
Спомен Костурница
Градиште (Банско)
Природни реткости
Водопадот кај Габрово
Колешински водопад
Смоларски водопад
Спорт
Спортот во Струмичкиот регион има подолга традиција и бележи врвни остварувања, а Струмица важи за еден од најголемите спортски градови во земјата и за расадник на млади таленти.
Низ историјата ќе биде запаметено дека во 1986 година Струмица беше домаќин на II Олимпијада на училишните спортови на која учествувале околу 2 400 спортисти, а во 1994 година беше организиран првиот меѓународен официјален спортски натпревар во самостојна Македонија, односно Квалификациите за европското јуниорско првенство во ракомет, кога се сретнаа репрезентациите на Македонија, Швајцарија и Норвешка.
Фудбал
Првата топка во Струмица била донесена во 1922 година, кога бил формиран фудбалскиот клуб (Беласица.
Фудбалот во Струмица е еден од најпопуларните спортови помеѓу младината. Фудбалските клубови од Струмица (Беласица и Тиверија) кои сега настапуваат во Втората македонска фудбалска лига, докажале дека можаат да создаваат многу добри фудбалери. Така на пример, овде спаѓаат познатиот македонски стручњак Благоја Истатов, потоа Горан Пандев (ФК Лацио), Ацо Стојков и.т.н.
Кошарка
Како фудбалот, така и кошарката е еден од најомилените спортови во Струмица. Кошаркарскиот клуб КК Струмица порасна во еден од најдобрите клубови во моментот во Македонија, притоа освојувајќи ја шампионската титула во 2007 година. Еден од најпознатите кошаркари од Струмица е Влатко Илиевски.
Одбојка
Одбојката во Струмица според многумина најмногу придонесела за цела Македонија. Така најпознати одбојкари од Струмица се Кире Ричлиев (сега тренер на македонската репрезентација), Хари Наков и.т.н. ОК Струмица била шампион на Македонија и многукратен вицешампион заедно со ОК Македонија веднаш зад скопскиот Фершпед Работнички.
Никола Донев струмичанец, прв одбојкар од Македонија кој има играно на светско првенство, еден од најдобрите одбојкари на Македонија на сите времиња, репрезентативец на Југославија, вбројувајќи се помеѓу Трифке Трифуновски, Александар Тасевски, Горан Србиновски, Владимир Богоевски и Горан Јанков.
Познати личности од Струмица
Горан Пандев - фудбалер, македонски репрезентативец член на ФК Лацио
Никола Донев - прв одбојкар од Македонија кој има играно на светско првенство
Влатко Илиевски - кошаркар
Гоце Арнаудов - пејач на народни песни
Ристо Шишков - актер
Горан Тренчовски - режисер
Борис Трајковски - поранешен претседател на Република Македонија
Зоран Заев - градоначалник на Општина Струмица
Баба Ванѓа - гатачка
Георги Божинов - сликар
Проф. д-р Бранко Зеленков
Проф.д-р Иван Ангелов - Професор во пензија на Факултетот за земјоделски науки и храна и прв министер за земјоделство, шумарсто и водостопанство во експертската владата на Република Македонија, предводена од академик Никола Кљусев
Зоран Балдовалиев - фудбалер
Роберт Попов- фудбалер
Кире Ричлиев-одбојкар
STRUMICA
Strumica (Macedonian: Струмица) is a town situated in the south-east of the Republic of Macedonia (close to the Novo Selo-Petrich border crossing with Bulgaria). The population is close to 55,000 with an absolute Macedonian majority (90%). There are all together about 150,000 people living in the region surrounding the city. The city is named after the Strumica river which runs through it. The city of Strumica is a seat of the Strumica municipality.
History
The town is first mentioned in 2nd century B.C. with the name Astrayon. Later it is known by the name Tiveriopol. It got it's present name from the slovan settlers. In the IX century the town became part of the First Bulgarian Empire and it remained bulgarian until 1014. After the Battle of Kleidon Strumica was seized by the Byzantine empire.
In 1395 after another two centuries of Bulgarian control it fell under the Ottoman rule. During the National awakening in the second half of the XIX century a Bulgarian school and church opened their doors in the town. According to the 1878 ottoman census the Strumica had 2,400 households with 3,300 muslim and 2,120 Bulgarian citizens.[1] In 1895 a IMARO committee was founded in the town by revolutionary leader d-r Hristo Tatarchev. In 1897 Strumica became part of the Bulgarian Exarchate. The census three years later showed that the population consisted of 6,100 Bulgarians, 3,100 Turks, and 700 jews.[2] The majority of the Christian Bulgarians though sympathised the Constantinopole Greek Patriarchy.
Strumica in the end of the XIX centuryDuring the First Balkan War the city was liberated from the Turks and for some six years became part of Bulgaria. Following Bulgaria's defeat in World War I, under the 1919 Treaty of Neuilly-sur-Seine Bulgaria was forced to cede Strumica to the Kingdom of Serbs, Croats and Slovenes, later to be called Yugoslavia. Strumica was occupied by Bulgarians in World War II. Following the World War II, Strumica remained in Yugoslavia and in 1945 became a part of the newly established Federative People's Republic of Macedonia. This federal republic remained in Yugoslavia until 1991, when it declared its independence as The Republic of Macedonia.
Features
In present days Strumica is the main agricultural center in the Republic of Macedonia, has many textile factories and developed trade network. Large percent of the goods produced in Strumica are used for export in other cities in the Republic of Macedonia as well as in some European Union countries. One legacy of Strumica once having been a part of Bulgaria is the local dialect. Removed from Standard Macedonian language, its own features would make it unique in any case, but the few decades spent within Bulgaria did pass many Bulgarianisms down to each generation. Strumica is therefore one of the richest area in the Republic of Macedonia. Strumica is developing into modern city and expanding its infrastructure in the last few years. The improvement of infrastructure is also determined by Strumica's geographic position (some 20 km/12 mi from Bulgaria and 45 km/28 mi from Greece).
Population
The population of Strumica mainly consists of Macedonians[citation needed](about 93%), Romas (about 2%), Turks (about 3%) and others (about 2%).
Education
The city of Strumica has 4 primary schools, 3 high schools, 1 faculty (Agricultural faculty that is a part of Sts. Cyril And Methodius in Skopje).
Politics
The new local council and mayor was elected in 2004. The current mayor of Strumica is Mr. Zoran Zaev.
[edit] Famous residents
Strumica is the home town of talented football player Goran Pandev who is currently playing for SS Lazio from Rome, Italy.
Events
Strumica is also famous for its night life and international events called Strumica Carnival and ASTERFEST (Festival of SEE Film Authors).
Sport
Main football clubs are FK Belasica who plays in second division and FC Tiverija who plays in third division. There are also large number of basketball fans in Strumica. Main basketball club today is KK Strumica 2005 with its Sport Director Mr. Mile Milanović and President Mr. Panagiotis Karapiperis. ABA Strumica is the town's team in the Macedonian Second Basketball League. Volleyball clubs in Strumica are OK Makedonija - Gio, OK Strumica, and women team OK Makedonija - Maks. Handball team is RK Zomimak-M.
Media
There are 3 private local TV stations operating in Strumica: TV kanal VIS, INTEL Televizija and TV Strumica and also 1 Cabel TV operator - KABEL-NET
Night Life
Strumica is also famous for its exciting night life. The city is the home of one of the best clubs and lounges in the Republic of Macedonia. You can find most of the clubs and lounges on "Lebljebedzijska" Street near the town square.
Notable people from Strumica
Jelena Cvetkova (1981 - ), artist and painter
Boris Trajkovski(1956 - 2004), former president of the Republic of Macedonia
Branko Zelenkov (1932 - ), economist
Vangelia Gushterova - Baba Vanga (1911 - 1996), Bulgarian prophet
Goran Trenchovski, director
Robert Popov, football player
Zoran Baldovaliev, football player
Georgi Bojinov, painter
Dimitris Semsis (1883 - 1950), famous Greek musician[1]
Goran Pandev, football player
Dzordze Arsov, mayor of Kisela Voda